Во допир со природата

Нашата приказна

Таа е и моќна и силна, затоа и не чуди што пред три децении малата семејна фирма, а сега гигант, посака гордо да го носи нејзиното име TARA. Не се покајавме.

За да стигнеме довде поминавме долг пат, долг како кањонот на реката TARA. Пат полн со убави и помалку убави можности. Опасни брзаци и страшни вртлози. Многу лекции научивме пловејќи на нашиот сплав. Најважната е дека само со чесност, постојана работа и вложување пред сè во луѓето и новите технологии можеме да одиме во чекор со светските трендови.

Нашиот способен и креативен тим е столбот на нашиот успех. Навреме ја сфативме клучната лекција, а тоа е дека програмата за производство од дрво мора постојано да се развива и усовршува во согласност со најновите сознанија од оваа област. Постојаното присуство на водечките светски саеми ни дава потврда дека сме на добар пат.

Наша цел е постојан напредок и поместување на границите за да бидеме подобри за вас, но се трудиме сè што правиме да го правиме во согласност со нашата, а сега и со вашата приказна, а тоа е да бидеме во допир со природата.

Во секоја работа
во природата има нешто
величенствено.