Ризница на знаење

Дабов паркет – бродски под

Дабот (Quercus) има околу двесте видови. Најпознат е лужникот, кој традиционално се користи како дрво со голема цврстина, одлични карактеристики, уникатна текстура и бои.

Покрај употребата во производството на мебел, столарија и предмети од дрво, тој е основен материјал за производство на најквалитетните дрвени подови.

Дабовиот паркет и дабовиот бродски под се сигурно најпопуларни и најраспространети. Тврдоста на дабот е пониска само од странските видови ипе и кумару, а повисока или иста како кај видовите зебрано, кемпас, мербау, еукалиптус, бамбус, махагони, мерено со методот на Бринел. Со термички третман дабовиот паркет добива уште поголема тврдост. Со маслосување со природни пигментирани масла можеме да влијаеме на неговата боја.

Од дабово дрво се произведува:

Дабов лам паркет

Дабов класичен паркет

Дабов бродски под (селски под), масивен под

Дабов паркет со големи димензии

Дабов повеќеслоен паркет

Нашите паркети од даб можете да ги погледнете на: http://www.taraparket.com/kolekcije/gotov-parket/

Ви предлагаме да погледнете

Ризница на знаење