Ризница на знаење

Лепење на паркет – видови лепила

Денес на пазарот е достапен голем број различни видови лепила за паркет или бродски под, секое со своја намена и погодност за одреден случај (димензија на паркетот, вид на дрво, намена на просторот во кој се поставува паркетот…).

Лепилото никогаш не треба да се користи како средство за израмнување на подлогата!

Кај паркетите со големи димензии треба да се користи еластично лепило за да може да ги прифати силите што настануваат поради еластичноста на оваа облога.

Кај паркетите со „егзотично“ потекло најчесто се препорачува употреба на двокомпонентни лепила на полиуретанска база.

Кај „класичните“ паркети сè уште се користат (со тенденција на опаѓање) лепила на дисперзивна база. Овој вид лепила полека се надминува од две причини – присуството на состојки поради кои не можат да се сметаат за еколошки производи, односно производи со намалена емисија EC1, и содржината на вода која е во колизија со облогата што ја лепат (дрвото), како и инсистирањето на процентот на заостаната влага во подлогата и околниот воздух. Овие лепила имаат ограничувања кај димензиите на паркетот што можат да го лепат.

Цената на паркетот и бродскиот под не е толку ниска за да се занемари значењето на лепилото на кое ја поставувате оваа подна облога за вашиот дом.

Ви предлагаме да погледнете

Ризница на знаење