Еден од најголемите домашни производители на ексклузивни паркети и подни облоги, Tara Concept, ги отвори вратите на својот нов изложбен салон на 17.11.2022 година на Булевар Европе 38 во Нови Сад. Како дел од уникатната понуда на новиот продажен салон, Tara Concept ќе претстави handmade паркети, ентериерни собни врати, дизајнерски масички и најексклузивна керамика.
Tara Concept е лидер во производството на паркет во Србија, официјално едно од 100 најуспешни претпријатија во земјата. Повеќе од три децении нивниот паркет краси некои од најубавите згради и домови низ Европа и светот, а исто така го најде своето место и во ексклузивни проекти на новоградба во Србија.
Од раководството на компанијата велат дека патот што го поминале не бил брз, но придонел за квалитетот и асортиманот со кој денес се гордеат:
“Користејќи ги најсовремените технологии во индустријата за обработка на дрво и неговата заштита како краен производ, научивме дека трендовите се менуваат, а на некои можеме дури и да влијаеме, со тоа што ги создаваме. Често бевме први што нудат нешто сосема поинакво на пазарот. Не се плашевме да бидеме иновативни, а сè со цел да ја подобриме понудата. Од самиот почеток на работењето се трудевме да ја зачуваме традиционалната обработка на дрвото и специфичниот начин на создавање паркет кој бараше најсовремени технологии. Спојот на традиционалното и модерното ни донесе мноштво идеи што секојдневно ги применуваме во домови, деловни простори и хотели низ Европа. За да ви покажеме колку ни е важно и во иднина да бидеме сè подобри, решивме да отвориме нов продажен салон во европската престолнина на културата, со поставка на производи која ќе ви помогне да ја донесете најдобрата одлука за вашиот дом. ”
Дојдете и уверете се зошто проектите како Osservatorio by Prada – Милано, Претседателската палата – Узбекистан, BMW Show Room – Белград, MiaMaya ТЦ Рајиќева – Белград, Diamond Garden – Скопје, Flatiron – Скопје, BW Магнолија, BW Terraces, Benetton – Shopping Center Ушќе, Геозавод – Белград им укажаа доверба на Tara Concept паркетите.
Извор: MojNoviSad.com