Важно е да запомните дека подот од дрво е „жив“ материјал. Дрвото, иако не расте како дел од стеблото, сè уште е во голема мера дел од својата околина и реагира на светлина, температура, влажност и влијанија. Општо правило е дека на вистинскиот дрвен под му се потребни четири годишни времиња за да се прилагоди на својата околина. Нормално е да се забележат одредени промени на подовите поради промените во температурата и влажноста на воздухот – флуктуации поврзани со греењето и, се разбира, промените на годишните времиња. Исто така, колку подолго подот е во вашиот дом, толку бојата ќе биде помека и потопла. Ова не е причина за загриженост, тоа е природно. Процесот на оксидација ќе заврши, како и влијанието на UV зраците присутни во сончевата светлина. Овој процес се случува и кај тапацирот, мебелот, тепихот, тоа е природно.
За да се избегнат несакани последици, еве неколку совети за одржување и чистење на паркетните облоги:
1. Одржувајте ја температурата во просторот помеѓу 18 и 22 ºC.
2. Релативната влажност во просторот мора да се одржува помеѓу 45% и 60%. Повисока влажност може да доведе до набабрување, искривување или подигнување на паркетот од подлогата, додека пониска влажност може да доведе до собирање и појава на пукнатини.
3. Во текот на зимскиот период, односно сезоната на греење, потребно е да се контролира релативната влажност во просторот и по потреба да се користат овлажнувачи за да се задржи посакуваното ниво на релативна влажност на воздухот.
4. Во почетниот период, по вградувањето на паркетот, избегнувајте да ставате теписи или други покривки на делови од подот за да се избегнат разлики во оксидацијата и промената на бојата на дрвото.
5. Потребно е да се спречи изложеноста на паркетот на директна сончева светлина.
6. За редовно чистење користете правосмукалки или специјални крпи што ја привлекуваат прашината.
7. Подот одржувајте го со сува или добро исцедена крпа и со средства наменети за тоа. Изборот на средства за чистење и одржување на паркетот зависи од видот на завршната обработка на паркетот.
8. Механичките оштетувања на паркетот може да се избегнат така што нозете на масите, столиците и мебелот ќе се заштитат со подлошки од филц или плута.