Ризница на знаење

Подготовка на подлогата – израмнување

За вашиот паркет во станбен или деловен простор да изгледа совршено, треба да се планира пред поставувањето на самата облога. Имено, квалитетната подготовка на подлогата ќе ви овозможи максимална трајност, убав естетски доживеј и удобност во просторот.

Подлогата на која треба да се постави бродски под или паркет во новоградба најчесто е бетон. Изведувачката толеранција кај бетонот и цементните кошулки се мери во сантиметри, додека дрвените подни облоги бараат рамнина на површината со милиметарска прецизност, за паркетот или масивниот под да изгледаат совршено. Ова може да се постигне со маса за нивелација. Масата за нивелација може да се користи при изработка на поблаги потребни падови, при израмнување на нерамнини во подлогата, пополнување оштетувања при санации и постигнување квалитетен слој кој ќе овозможи квалитетна подлога за паркет или бродски под.

Идеално рамна површина се постигнува со маси за нивелација.

Максималната дебелина на слојот што може да се изведе во еден работен чекор, дури и до 30 mm
Крајната цврстина што ја постигнуваат (во зависност од барањата во просторот и начинот на пренесување на оптоварувањето преку подната облога, односно нејзината флексибилност); класи C20, C 25, C 30, C 40, C50
Сите маси за нивелација се наменети за внатрешна употреба (постојат и маси специјално наменети за надворешна употреба), соодветни за примена и кај подно греење.
Паркет/ PVC и каучук облоги / Епоксидни подови со помали оптоварувања – Маса за нивелација Objekt Plus OS 50 (C 35, до дебелина на слојот од 10 mm)
За оптоварувањата што се очекуваат во канцелариски, јавни и изложбени простори, каде нема поминување на тешки возила, доволно е да се одлучите за Маса за нивелација Objekt Plus OS 50 класа C 35, која може да се излее во слој до 10 mm. Овие видови облоги се пофлексибилни од керамичките облоги, што влијае на начинот на пренесување на оптоварувањето и со тоа бараат подлога со вакви карактеристики.

Бетонската или било кој вид подлога што треба да се израмни треба да биде добро подготвена. Под подготовка се подразбира детално чистење на површината, отстранување на сите видови нечистотии и отпрашување. На вака подготвената подлога се нанесува соодветен предпремаз кој овозможува адхезија на Масата за нивелација со подлогата. Во зависност од видот на подлогата, препорачуваме соодветен предпремаз – за впивливи подлоги – Murexin Предпремаз LF 1 (цементен естрих, суров бетон или гипсени материјали); за невпивливи подлоги – Предпремаз D4 (при реновирање на невпивливи подлоги, лакирани паркети, стари терацо подови, керамички плочки, камени плочи); за анхидритни естриси – Предпремаз PU 5 (многу впивливи површини).

Сите видови Маси за нивелација се нанесуваат до саканата дебелина и рамномерно се распоредуваат. Масите за нивелација често се нарекуваат и самонивелирачки маси поради нивната ретка конзистенција (речиси течна) и многу лесно се нанесуваат. Измешаната маса се излева и се распоредува со назабена глетарка со соодветни карактеристики. По завршувањето на еден слој, доколку е потребно да се работи следниот слој, на тоа се пристапува штом претходниот слој стане прооден (за околу 1- 2 часа, во зависност од дебелината на слојот). Доколку е невозможно да се почитува оваа динамика на работа, кај подолги интервали, потребно е да се нанесе Предпремаз LF 1.

Цената на паркетот и бродскиот под не е толку ниска за да се занемари значењето на подлогата на која ја поставувате оваа подна облога за вашиот дом.

Ви предлагаме да погледнете

Ризница на знаење