Подлогата на која се поставува дрвената облога, паркетот или бродскиот под, мора да биде цврста, носива, рамна, како и одмастена и исчистена од прашина. Доколку подлогата е на цементна база, потребно е да исполни многу важен услов кој се однесува на влажноста. Потребната влажност на цементната подлога на која се вградува паркет е 2%; кај анхидритните естриси е дозволена влажност од 0,5%. Во случај на естрих со вградено подно греење, овие вредности треба да се намалат за 0,2%. Најсигурниот метод за мерење на влагата во кошулката е CM методот со калциум – карбид, кој треба да го изврши обучено лице со соодветни алати и со почитување на дефинираната процедура.
Алтернативно, постојат предпремази како и типови лепила кои, со стручен совет, можат да овозможат поставување бродски подови или паркет за куќата и на подлоги со повисока влажност од пропишаната. На ваква процедура пристапете дури по консултација со производителот на паркетот што се вградува. Murexin во својата палета производи има на пр. Специјален предпремаз PU 5 со кој може да се блокира заостанатата влага дури и до 3,5%, како и специјално лепило на база на модифициран силан (серија X Bond MS-K) кое исто така може да се користи и на проблематични подлоги.
Цената на паркетот не е толку ниска за да се занемари значењето на подлогата на која ја поставувате оваа подна облога за вашиот дом.