Селски под, бродски под и масивен под се називи за еден ист вид подни облоги од дрво.
Станува збор за полно дрво во пресек, а димензиите варираат од 15 до 20mm дебелина, ширина од 90 до 200mm, должина од 500 до 2000mm.
Селскиот под главно подразбира дрвен под со поголеми димензии, под кој делува старински, но со својот изглед се вклопува и во модерни архитектонски потфати.
Најраспространетите видови дрво што кај нас се користат за изработка на овој вид под се дабот, оревот и јасенот.
Селскиот, бродскиот и масивниот под се вградуваат со помош на засечен жлеб и перо.
Влагата на кошулката, воздухот и самото дрво што се вградува мора да биде според стандардите (подетално во темата „Влијание на влагата врз паркетот“), бидејќи влагата има големо влијание врз овој вид под.
Бетонската кошулка исто така мора да биде идеално рамна. Масивните подови, поради големите димензии на поединечните штици, треба да се лепат со најквалитетни двокомпонентни лепила.
Пожелно е да се користат овлажнувачи на воздухот за релативната влажност да биде според стандардите за експлоатација што ги препорачува производителот.
Ваквите подови понекогаш се чадат или термички третираат, со што може да се подобрат техничките карактеристики и да се добие потемна боја низ целиот пресек.
Завршната заштита на масивот може да биде лак, масло или масло во комбинација со восок, кое сè почесто се користи.
Подовите од дрво воопшто не треба да се одржуваат, односно чистат со вода, туку со сува крпа или средства за одржување мебел. Најголеми непријатели на дрвените подови се водата и песокот.
Со правилно вградување и одржување, подовите од масивно дрво можат да ги користат генерации.