Ризница на знаење

Влијание на влагата врз паркетот

На влажноста на дрвото влијаат влажноста на подлогата, како и условите во околниот простор (температура и влажност на воздухот). За поставување на дрвото, во зависност од видот, производителот на паркет одредува колкава е релативната влажност на подлогата на која може да се постави паркетот или бродскиот под, како и самата влажност на дрвото. Обрнете внимание на односот помеѓу релативната влажност во просторијата и температурата, како и нивното влијание врз влажноста на дрвото.

20˚C, рел. вл. на воздухот 50% – влага во дрвото 9%;
20˚C, рел. вл. на воздухот 65% – влагата во дрвото расте на 12%

До промена на влагата во дрвото ќе дојде во пократок или подолг временски интервал, во зависност од структурата на дрвото, односно волуменот на просторот (цевчињата низ кои дрвото се хранело) во кој може да се складира вода. Грубо гледано, парче дрво при промена на својата влажност за 1% ја менува димензијата – ширината за 0,25% (посредно, дрвото со поголема цврстина е помалку подложно на промени поради влијанието на влагата во околниот простор)

ПРИМЕР:

ОПТИМАЛНА КЛИМА
Температура: 20-22˚C
Рел. влажност: 45-55%
Влага во дрвото: 9%

КЛИМА НА ОБЈЕКТОТ
Температура: 24˚C
Рел. влажност: 70%
Влага во дрвото: 13%
4 x 0,25% = 1% => димензијата 60mm станува 60,6mm

За поставување на паркет се важни 4 фактори:
9% влажност на дрвото
45-55% релативна влажност на воздухот
Температура
Влажност на цементната кошулка од 2%

При отстапување во вредноста на било кој од факторите може да се очекува проблем, а цената на готовиот паркет не е мала ставка во опремувањето на ентериерот за да се занемари.

Прописите налагаат подополагачот мора да ги измери сите фактори пред поставувањето на облогата и правилно да ги внесе во некој вид градежен дневник.

Ви предлагаме да погледнете

Ризница на знаење