Дали знаевте дека врвен квалитет, handmade паркети и поставување по системот „клуч во рака“ можете да најдете во домашната компанија Tara Concept?
Кога станува збор за подовите во ентериерите, примарни фактори според кои архитектите го избираат типот на подни облоги се естетиката, квалитетот и долгорочната вредност. Но, покрај квалитетниот производ, она што е важно за сите архитекти при создавањето на еден уникатен проект се секако добрата комуникација и комплетната услуга.
Искусен тим
„Минувајќи низ многу проекти, како со архитекти така и со купувачи, соработувавме со водечките паркетари и со нив поминавме низ бројни ситуации – и од нив стекнавме драгоцено искуство. За да ги заштитиме интересите на компанијата, но и да го загарантираме задоволството на нашите соработници и купувачи, решивме да формираме тим паркетари кој може да ја следи секоја ситуација на терен, а Tara Concept да даде апсолутна гаранција за своите производи“ – вели Теа Грабовица за нашиот портал.
Tara Concept има тим паркетари кој може да го следи секое ваше барање на терен.
Меѓу мноштвото решенија што денес може да се најдат на пазарот, паркетот е тој што убедливо води кога станува збор за уникатност, технички карактеристики и можности за бројни примени, за кои пред сè се заслужни својствата на дрвото како природен материјал.
Топлина и ексклузивност
Различните намени на просторот бараат и различни типови подни облоги. Но, кога зборуваме за станбени простори, топлината и ексклузивноста што ги дава паркетот не може да ги замени ниту еден друг тип подна облога.
„Како некој што е на овој пазар веќе 30 години, следевме многу трендови, соработувавме со многу архитекти и со нив учествувавме во разни проекти низ светот. Она што зборува за нашиот авторитет е секако фактот дека водечките производители на паркет низ Италија и Франција не избираат за соработници. На пазарот, како нашиот така и светскиот, опстанавме исклучиво благодарение на трудот, работата, но и односот што го негуваме со сите наши соработници“ – вели Грабовица.
Tara Concept произведува и рачно изработени слогови како chevron, versailles и chantilly.
„Покрај нашата стандардна понуда, во која можете да најдете класичен повеќеслоен дабов и оревов паркет во различни димензии и селекција на дрво што одговара на остатокот од ентериерот, тука се секако и рачно изработените слогови како chevron, versailles и chantilly. Тука, се разбира, не е крајот. Со текот на времето кај нашите архитекти се појави потреба својата креативност и уметност уште повеќе да ја изразат преку паркетот и подовите на просторите што ги уредуваат, па така со нив правевме сосема уникатни слогови во не толку стандардни и комерцијални бои. Тоа што сме производители кои постојано вложуваат и во суровини и во технологија и стручен кадар секако не издвојува на пазарот и ни овозможува такви видови соработки и проекти“ – заклучува нашата соговорничка.
Импресивни референци
Osservatorio by Prada – Милано, Претседателската палата – Узбекистан, BMW Show Room – Белград, MiaMaya ТЦ Рајиќева – Белград, Diamond Garden – Скопје, Flatiron – Скопје, BW Магнолија – Белград се само некои од јавните простори што ги красат Tara Concept паркетите.
Посетете го изложбениот салон
Доколку сакате да дознаете повеќе за стандардните, премиум или рачно изработените паркети, повеќе информации можете да најдете на сајтот taraconcept.com или посетете го нивниот изложбен салон во Белград, на адреса Господара Вучиќа 221.
Извор: Gradnja.rs